Македонија

Со месеци во странство додека користат боледување – Мицкоски предупредува на злоупотреби

Со месеци во странство додека користат боледување – Мицкоски предупредува на злоупотреби

Контролите на користењето боледување и можните злоупотреби повторно се во фокусот, откако премиерот Христијан Мицкоски откри дека во системот има евидентирани лица кои за време на боледување ја напуштаат државата, а дел од нив престојуваат во странство и по неколку месеци.

Мицкоски оцени дека ваквото однесување не е прифатливо и порача дека нема да се дозволи правото на боледување да се користи за остварување корист преку заобиколување на пропишаните правила.

„Има корисници на боледување коишто се евидентирани во системот дека се движат надвор од територијата на државата. Има корисници на боледување коишто често пати заминуваат на неколкумесечни активности надвор од државата и тоа не е во ред“, изјави премиерот.

Тој предупреди дека оние кои се обидуваат да го искористат системот преку различни трикови нема да успеат да ги избегнат последиците.

„Ако мислат некои дека со трикови ќе направат некаква корист или ќе мислат дека на тој начин ќе ја заобиколат правдата, тоа нема да се случи“, порача Мицкоски.

Премиерот посочи дека токму ваквите случаи се причина да се размислува за поконкретни мерки и поефикасен пристап кон спречување на злоупотребите при користењето боледување.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни