4NEWS.mk

Со заем од 500 милиони евра ќе се гради новиот Клинички центар

Конзорциум од три странски банки ќе го дадат заемот за новиот Клинички центар. Тие понудиле најповолни услови а кредитот е 500 милиони евра. Министерот за здравство не одговори на колку години ќе го враќаат кредитот и кажа дека тие табели и бројки ги има во финансии. Филипче изјави дека на почетокот на август ќе распишат еден тендер и за проект и за изградба и опрема. Пред удирање на темелите на местото Веле Поле треба да биде обезбедена вода, струја и канализација. Изградбата според Филипче треба да почне на почетокот на наредната година и ќе трае 7 години.

Сања Димитровска 

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни