Собрани 23 крвни единици во крводарителска акција во Струга

 Вкупно 23 единици крв се собрани во денешната кворадителска акција на „Женска плажа“ што ја организираше Црвениот крст – Струга.

Се вчитува...

Ова е втора, како што информира секретарот на општинската организација на Црвен крст Струга Адуриме Даути, традиционална крводарителска акција во јули. На претходната биле собрани 29 крвни единици.

– Продолжуваат традиционалните летни крводарителски акции на туристички локации и покрај плажите. Покрај стружани интерес за дарување има и кај туристи од земјава. Додека странските гости не ги исполнуваат условите, односно за дарување крв потребно е престој во државата од најмалку три месеци, изјави Даути за МИА.

Во текот на август предвидени се уште две традиционални акции на атрактивни туристички места на струшкото крајбрежје.

– Традционалните акции ќе продолжат со цел покрај старите, да се мотивираат и нови крводарители и да створиме навика за дарување и кај младите да се спасуваат животи. Се трудиме и во лето кога луѓето се на одмори да организираме крводарителски акции за да не дојде до недостаток од крв, посочи Даути.

Во летните крводарителски акции, нагласи, годинава има поголемен интерес и собрани се поголеми количини крв во однос на претходните години. 

Извор: Сител телевизија