Македонија

Собранието ги избра новите министри – Ангеловска со 64 гласа „за“, Џемаили со 61

Со 64 гласа „За“ и 14 „Против“ Нина Ангеловска е избрана за Министерка за финансиите, а со 61 гласа „За“ и 21 “Против“, министер без ресор за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните компании е избран Хисен Џемаили.

На гласањето и претходеше собраниска дебата, каде не се дискутираше за изборот на новите министри туку за случајот „Рекет“, владеењето на правото и економската состојба.

Пратеникот на СДСМ, Александар Кирацовски, на реплика на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Кузмановска, побара да се прекине со коментарите за случајот „Рекет“.

Но потоа, Кузмановска излезе во говорница и му рече на Кирацовски дека тој најмалку треба да зборува за случајот „Рекет“.

Пратеникот на Алијанса за Албанците, Сирија Рушиди, рече дека на новиот министер без ресор, Хисен Џемаили ќе му биде потребна една година за да го научи името на институцијата со која ќе раководи.

На денешната седница беа избрани и заменик министрите, Елизабета Наумовска за образование, Кире Колемишевски за економија, Неџат Мемедовиќ зм.министер во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни