Breaking Немало итни излези во случај на пожар во барот во Бангкок каде загинаа 27 лица, а 63 повредени од кои 22 се во критична состојба, рече премиерот
Македонија

Собранието ги констатираше оставките на Марко Бислимоски и Цвета Ристовска

Собранието ги констатираше оставките на Марко Бислимоски и Цвета Ристовска

Собраниската седница денеска помина во знакот на кадровски промени, откако пратениците ги констатираа оставките на двајца функционери од независните институции.

Во македонското Собрание беа формално потврдени оставките на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), Марко Бислимоски, како и на членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска.

Оставките беа констатирани без дополнително образложение пред пратениците.

Бислимоски се повлече од функцијата откако против него беше поднесена кривична пријава од Управата за финансиска полиција, додека Ристовска ја достави својата оставка по отворањето на два предмети поврзани со нејзината работа.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни