Солунскиот митрополит Антим поднесе оставка, вмешан беше во спорот за името меѓу Грција и Македонија

Солунскиот митрополит Антим од Грчката православна црква денеска поднесе оставка, се вели во соопштението. Според информациите, тој во понеделникот и официјално ја поднел својата оставка до архиепископот атински и цела Грција, Хиеронимос.

Антим Русас бил избран за митрополит Александрополис во 1974 година, а хиерархијата на Грчката црква го избрала за солунски митрополит на 26 април 2004 година.

Тој интензивно се вклучуваше во спорот за името Македонија, кој Грција го имаше со Скопје.

Контроверзна изјава за вселената

Во 2018 година, Русас се најде на мета на остри критики откако за време на проповедта по литургијата во црквата Света Софија во Солун изјави дека „нема ништо друго освен планетата Земја“, оспорувајќи го научниот факт дека постои уште една позната планета во универзумот.

Во 2004 година кога Вашингтон ја призна нашата држава под името Република Македонија, Русас бараше итна дипломатска акција од страна на Грција. Неколку пати беше иницијатор и на протести, со што црквата стануваше погласна за името отколку самата држава.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното