Сончев викенд, па промена: Од вторник нестабилно време со дожд

Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во јужните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Променливо облачно со сончеви периоди.Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. T=18°C. P=980hPa. U=38%. V=5m/s.

За време на викендот и почетокот на следната седмица ќе се задржи претежно сончево и потопло време со појава на променлива облачност во текот на денот. Ќе дува умерен, а во источните делови повремено засилен северен ветер. Од вторник следува период на променливо облачно и нестабилно време наместа со повремен дожд и грмежи. Дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање.