Македонија

Сончево и студено со мала локална облачност

Сончево и студено со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа засилен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -3, а максималната ќе достигне од 4 до 11 степени. Во Скопје, претежно сончево со слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 9 степени. До вторник ќе се задржи сончево и студено време со мала до умерена облачност и умерен до засилен североисточен ветер. Во вторник на места ќе има зголемена облачност и услови за слаби врнежи од дожд, а на планините од снег. Од средината на седмицата ќе има позначителен пораст на температурата, особено на дневната.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни