Македонија

Сончево и топло со слаб до умерен ветер – температурите до 38 степени

Сончево и топло со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени. УВ=9

Во Скопје сончево и топло со слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне 38 степени.

Во почетокот на работната седмица ќе се задржи претежно сончево и многу топло време со натпросечни температури, кои на југоистокот повторно ќе надминат 40 степени. Услови за изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи ќе има во среда попладне.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни