Македонија

Сончево и топло време до сабота, во недела дожд и грмежи

Сончево и топло време до сабота, во недела дожд и грмежи

Сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови наместа ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, кој долж Повардарието ќе достигнува брзина до 40 km/h. Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 33 степени.

Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. T=34°C. P=976hPa. U=35%. V=3m/s.

Утре и во сабота времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во недела ќе има услови за нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северозападен правец. Од понеделник следува период на претежно стабилно и топло време.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни