Сончево со локална облачност, темепратурата до 34 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец кој долж Повардарието повремено ќе се засилува. Минималната температура ќе биде меѓу 12 и 22, а максималната од 25 до 34 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Се вчитува...

Во Скопје слично време со температура до 30 степени.

Од утре следува период на сончево време со повторен пораст на температурата. 

Извор: Сител телевизија