Македонија

Сончево со мала до умерена локална облачност

Сончево со мала до умерена локална облачност поголема во северните делови и со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до -2, а максималната од 9 до 16 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 14 степени. До среда ќе се задржи сончево време со мала до умерена облачност и со пораст на температурата. Од четврток ќе има зголемената облачност со повремен локален дожд, а на планините снег. Поради спуштање на студена воздушна маса во петок и сабота ќе преовладува променливо облачно и ветровито време со повремен слаб снег. Температурите повторно ќе бидат под просекот за овој период од годината.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни