Сончево со мала до умерена локална облачност – температурите до 34 степени

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени.

Се вчитува...

Во Скопје, сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне 31 степен.

Во четврток попладне и во петок времето ќе биде променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи, особено во јужните делови од земјава. Во петок ќе дува засилен северен ветер. Од сабота и во наредните денови ќе преовладува стабилно време, а температурите ќе бидат во опаѓање.

.

Извор: ТВ21