Македонија

Сончево со мала до умерена облачност

Сончево со мала до умерена облачност

Сончево со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.

Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 11 степени.

Во текот на следната седмица ќе се задржи сончево и претежно тивко време со мала до умерена локална облачност. Во ноќните и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла и зголемена облачност. Дневната температура ќе биде над просекот за овој период од годината.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни