Сообраќајка на патот Штип – Радовиш, 17 припадници на Армијата повредени

Сообраќајна несреќа се случи утринава на патот Штип-Радовиш, кај местото викано „Осми километар“, во која учествувале автобус и комбе. Според првичните информации станува збор за автобус во кој се превезувале припадници на Армијата, кои со автобусот од своите градови патувале на работните места во Скопје.

Се вчитува...

Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска за МИА потврдува дека во болницата се хоспитализирани 17 лица со телесни повреди и во тек се лекарските прегледи и снимања. Според првичните информации повредните не се во живото загрозувачка состојба.

Портпаролот на СВР- Штип, Гордана Панајотова вели дека во тек е увидот на местото на несреќата од страна на екипите, а несреќата се случила  пред седум часот. Надлежните повеќе детали за несреќава ќе соопштат во текот на денот. 

ФОТО: МИА

.

Извор: ТВ21