Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози наместа со остатоци од кашест снег по интервенцијата на нашите дежурни екипи.
Се вчитува...
Слаб снег провејува на П.Шапка, во Павлешенци, Делчево и Смојмирово.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.
За сите подетални информации јавете се на нашиот дежурен телефон 02/ 25 61 502 или посетете ја нашата веб страница www.makedonijapat.com.mk
