Сообраќајот во прекин на патот од граничниот премин „Хани-Елези“ кон Скопје

Поради изведување на градежни работи, денеска сообраќајот ќе биде во прекин од косовскиот граничен премин кон Скопје во двата правци. Од АМСМ соопштуваат дека сообраќајот ќе се пренасочува во период од 7 до 17 часот.

„Денес во период од 07:00 до 17:00 часот на магистралниот пат Скопје –
Приштина, поточно од косовскиот граничен премин „Хани-Елези“ до Качаник, сообраќајот ќе биде во прекин во двата правци, за влез и излез од Косово, поради изведување на градежни работи.
Сообраќајот во тој период ќе се пренасочува.“, велат од АМСМ.

Извор: ТВ21