4NEWS.mk

Сопругата на Шумахер со нови детали за неговата здравствена состојба

Сопругата на Михаел Шумахер, Михаел Шумахер одлучи да даде куса информација за состојбата на легендарниот возач пред годишнината од неговата несреќа.

Седумкратниот шампион Шумахер претрпе посериозна штета на мозокот при скијање на француските Алпи во 2013 година, по што подолго време беше во вештачка кома.

Од тогаш малку се знаат точни информации за неговата здравствена состојба. Неговите обожаватели се подготвуваат за покренување на нова страна на социјалните мрежи наречена „KeepFightingMichael“, а во пресрет на тоа Корина одлучи да даде нови информации.

„Големите работи почнуваат со мали чекори. Многу мали честички може да направат огромен мозаик.“ – наводно им рекла Корина на обожавателите кои ќе ја покренат оваа страна.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни