Оваа изјава министерот за економија Крешник Бектеши ја даде претпладнево на настанот за доделувањето на премии за електрична енергија произведена од фотонапонски центри.
Но, само неколку часа подоцна стигна известување дека пристигнала документацијата од косовското министерство за индустрија и трговија.
„Министерот за трговија и индустрија на Косово, Ендрит Шала денеска испрати писмо до министерот за економија Крешник Бектеши со кое го информира дека Агенцијата за храна и ветеринарство на Косово веќе ја испратила потребната документација до Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Северна Македонија со кои се докажува дека се усполнети условите за увоз на икра и материјал за порибување“, велат од министерството за економија.
Ваквите информации за ТВ21 ги потврдија и од кабинетот на министерот за индустрија и трговија на Косово Ендрит Шаља.
Во понеделник ќе се разгледа документацијата и ќе се одлучува, и ќе следува укинувањето на трговските бариери.
Според договореното пред десет дена на средбата Шаља-Бектеши во Приштина, предвидена е програмата за активен и пасивен мониторинг на икрата во Република Косово. Потоа Агенцијата за храна и ветеринарство на РСМ ќе излезе да врши инспекција и на тој начин ќе се дозволи увоз во РСМ.
Инаку, царинските бариери од Косово кон Македонија уследија по забраната за увоз на икра и риба за порибување која Македонија ги постави кон Косово.
РЕПОРТЕР: ВАЉМИРА ЗЕНДЕЛИ