Совети за соодветна нега на пегите

Пеги – се нарекуваат и украс на лицето бидејќи многумина ги гледаат како признак за убавина, а некои дури и ги цртаат на своето лице.

Сепак доколку поседувате вистински пеги, важно е да се води соодветна грижа за овие мали црвени точки бидејќи може да се појави меланом, односно малиген тумор на пигментираните клетки на кожата.

Меланомот може да се препознае по неговата асиметрија, рабовите, промена на бојата, дијаметар поголем од шест милиметри и начинот на кој се шири.

Доколку забележите дека пегите имаат повеќе нијанси на кафеава боја и стануваат поголеми од гума на молив, време е за итна посета на лекар.

Раната превенција е клучна, па затоа треба да се прави лекарски преглед еднаш годишно, бидејќи може да се појават и проблематични пеги коишто не се видливи за око.

Пегите кои постојано се лупат или крварат треба да ги отстрани професионалец.

Инаку, покрај меланомот, може да се појават и сквамозни клетки, кои исто така можат да предизвикаат рак.

Доколку некој, едноставно, не сака да има пеги, се препорачува тие да бидат остранети со ИПЛ-ласерски третман или со користење хидрохинон од четири отсто што се купува со рецепта.

Американската академија за дерматологија вели дека доколку „изгорите“ на сонце пет или повеќе пати на возраст од 15 до 20 години, опасноста од меланом се зголемува за 80 насто, затоа користете крема за сончање која штити од УВА, УВБ и инфрацрвени зраци.