Македонија

Советот на јавни обвинители утре ќе ја констатира оставката на Ленче Ристоска

Советот на јавни обвинители утре ќе ја констатира оставката на Ленче Ристоска

По поднесувањето на оставката од функцијата јавен обвинител, Ленче Ристоска утре официјално ќе ја заврши својата работа во Јавното обвинителство. Советот на јавни обвинители закажа седница на која треба да биде констатирана нејзината оставка, што значи дека денеска е последниот работен ден на Ристоска како обвинителка.

Ристоска на 2 април соопшти дека се повлекува од функцијата откако новиот републички јавен обвинител Ненад Савески ја тргна од предметите „Талир“, кои ги водеше против владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ и во кои беше замрзнат имотот на партијата.

Претседателот на Советот на јавни обвинители, Башким Бесими, веќе на 3 април закажа седница која ќе се одржи утре, 8 април. Меѓу точките на дневен ред е и: „Донесување на одлука за престанок на функција јавен обвинител во ОЈО Скопје, за јавниот обвинител Ленче Ристоска, по сопствено барање“.

Со ова, официјално ќе се затвори поглавјето на Ристоска во Јавното обвинителство, која беше во фокусот на јавноста поради предметите со висока политичка и јавна важност.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни