Македонија

„Спас за Попова Шапка“ : 25 милиони евра од даноците на граѓаните завршија на непозната адреса од лошото менаџирање на ЕЛЕМ

Активистите на движењето „Спас за Попова Шапка“ со 30 минутна блокада го блокираа патот кај старата жичарница на патот кон Попова Шапка. Како најголем виновник за пропаѓањето на Попова Шапка тие го наведуваат лошото менаџирање од ЕЛЕМ, 25 милиони евра од даноците на граѓаните завршиле на непозната адреса додека загубата поради нефункционалноста на Попова Шапка е и над овие пари.

„25 милиони евра од даноците на граѓаните завршија на непозната адреса од лошото менаџирање на ЕЛЕМ со туристичкиот центар Попова Шапка. Гласот на граѓаните денеска кажува доста на ЕЛЕМ, санкционирајте ги тие што предизвикуваат губитоци и дефинитивно да му се одземе управувањето на ЕЛЕМ врз Попова Шапка. Лошото менаџирање направи овој зимски центар да биде избришан од светските туристички карти“, се вели во соопштението кое беше прочитано на протестот.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни