Спасовски, Филипче и Тасевски на посета кај повредениот полицаец кој ноќеска бил удрен од возило

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски објави дека денеска заедно со министерот за здравство Венко Филипче и директорот на БЈБ, Сашо Тасевски го посетиле повредениот колега, полициски службеник во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Се вчитува...

Имено, полицискиот службеник додека извршувал службени дејствија во областа на сообраќајот на бул.„Борис Трајковски“, во близина на фабриката ОХИС, беше удрен и повреден со возило „цитроен берлинго“, управувано од А.Д.(19) и сопатник К.М.(21), кои побегнале од местото.

По насока на Јавен обвинител двете лица се пронајдени, приведени и против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

„Се надеваме дека повредениот полициски службеник што поскоро ќе закрепне и ќе се врати повторно да им служи на граѓаните. Уште еднаш би сакал да нагласам дека напад врз полициски службеник е сериозно кривично дело и такви постапки нема да се толерираат, а насилниците мора да одговараат!“, посочи министерот Спасовски.

Oliver Spasovski: За жал и денеска заедно со Министерот Венко Филипче и директорот на БЈБ Сашо Тасевски посетивме наш…

Gepostet von Министерство за внатрешни работи am Samstag, 26. September 2020

.

Извор: ТВ21