Спасовски: Кражба на струја може лесно да се открие ако се работи домаќински

Крадењето струја не е нешто што сега почнало да се случува и кражбата на струја постоело отсекогаш, нагласи министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во гостувањето во „Утрински брифинг“, додавајќи дека тоа е опфатено со измените во членот 235-а од Кривичниот законик, кој ги содржи кражбата на електрична енергија, на топлинска енергија и на гас.

-Сите тие дела настануваат подари приклучоците на дистрибутивната мрежа без за тоа да дал овластување дистрибутерот. За 2021 година во Скопје имаме 41 кривично такво дело, со поднесени 40 пријави против 45 лица. Од извршените дополнителни проверки во евиденциите, три кривични дела се извршени од четири лица со приклучување на компјутерска опрема за копање криптовалути, открива Спасовски.

Тој посочи дека ваквото дело, доколку е извршено во институција може лесно да се открие ако се работи домаќински.

-Секаде во рамки на одделите на МВР добиваме фактури за трошоци. До 2017 имавме огромни фактури за вода за зградите што се тука во МВР и тоа беше сомнително. Ангажиравме лица и најдовме дека имаме дотраени цевки и сега за неколкупати се намали фактурата. Доколку се пристапува одговорно ќе може да се примети дали имаме кражба на електирчна енергија. Најчесто тоа е неовластеното приклучување на броила, кога тешко се забележува делото, кажа Спасовски.

Прашан за сајбер криминалот, тој одговори дека тоа е сериозен предизвик од понов датум, кој нема да биде решен многу скоро, но дека владее и констатација во гоаблани рамки дека многу малку се посветувало внмание во однос на овој тип на криминалот.

-Изминативе години систематски и стратешки постапуваме, а имаме и посебен оддел што работи на сајбер криминалот. Имаме добра опрема, особено во форензика на системите, но недостасувааат луѓе. Сепак имаме добри резултати во откривањето на ваквите кривични дела, заклучи Спасовски.

Поврзани вести

ЛДП најавува законски измени и поскапа струја за копачите на криптовалути

Луѓето кои сакаат да заработуваат со копање криптовалути, потребната струја да ја купуваат на слободен пазар, или пак таа да чини повеќе ако се користи за создавање виртуелни банкноти. Ова е еден...

Власта краде струја и „копа“ биткоини, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Власта краде струја и прави милиони, а народот плаќа милиони за да има власта што да краде, обвини ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста. „По неколкуте купување на скапа струја,...

По Нова Година поскапување на струјата во Македонија

Васко Ковачевски, генералниот директор на АД ЕСМ кажа дека ќе има покачување на цената на електричната енергија следната година, но не одговори колку. Тој кажа дека треба да се...

Владата реши: Ќе се бара одговорност од сите кои нема да ги исполнат плановите за производство на струја

Ќе се бара одговорност од сите кои нема да ги исполнат плановите што ги доставиле до Владата за производство на електрична енергија до крајот на годината, најави денеска министерот за економија Крешник...

Најважното

342 нови случаи на ковид-19 – пријавени 7 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Поворката со останките тргна кон вечните почивалишта на загинатите

 По речиси едночасовното преземање од двата бугарски воено-транспортни авиона, почна транспортот на посмртните останки на загинатите во автобуската несреќа до нивните вечни...

ВО ЖИВО: Во тек е преземањето на останките на жртвите од несреќата во Бугарија

Со едноминутно молчење, почна преземањето на посмртните останки  на жртвите од автобуската несреќа кои претпладнево со два бугарски авиона беа транспортирани на...

Почна церемонијата по повод пристигнувањето на останките на жртвите во автобуската несреќа

Почна церемонијата на Скопскиот аеродром по повод пристигнувањето на останките на жртвите во автобуската несреќа. Двата авиона од Софија...

ВО ЖИВО: Пристигнуваат телата на жртвите од автобуската несреќа во Бугарија

Денеска во Македонија пристигнуваат посмртните останки на починатите од автобуската несреќа во Бугарија. Тие пристигнуваат на Меѓународниот аеродром Скопје,...