Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, денеска, на првиот ден од новата 2020 година ќе престојува во посета на Тетово.
Како што соопшти МВР, министерот Спасовски ќе присуствува на промовирањето на новиот објект на Полициското одделение Камењане, Тетовско, како и на реновираниот објект на Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај – Тетово.