Спасовски за укинувањето на притворите: Судот и обвинителството донесоа несреќни одлуки

МВР не ги чува Орце Камчев и Цветан Панделески, бидејќи такво барање не добиле ниту од судот, ниту од обвинителството. На препорака на СЈО, а по одлуката на Апелациониот суд, двајцата синоќа излегоа од затворот „Шутка“. Мерката притвор им е заменета со куќен притвор. Тие се осомничени во случајот „Империја“. Одлуката тие да бидат пуштени од притвор, министерот Спасовски ја нарече несреќна.

НОВИНАР: Нема судот доставено ништо доставено до МВР за засилено полициско обезбедување.

Се вчитува...

СПАСОВСКИ: Досега, до моето влегување во студиото немаме добиено никакво известување ниту пак решение за тоа дека треба да се преземаат некакви мерки. Јас не би претпоставувал што може да се случи во понатамошниот период, меѓутоа очигледно врз основа на некакви аргументи кои што веројатно може да ги објаснат и обвинителството и судот, ги носеле одлуките. Меѓутоа јас ќе кажам уште еднаш дека ова се несреќни одлуки.

Одлуката на Никола Груевски да му биде доделен азил во Унгарија е политичка, а не правна, затоа Спасовски верува дека тој ќе биде екстрадиран во Македонија. Тој додава дека меѓународната потерница останува да важи.

„Ако Европската унија е формирана токму на тие принципи, на еднаквост, на слобода, на законитост, на правда, и ако клучниот приоритет е борбата против организираниот криминал и корупција, тогаш мора да се преземат сите мерки во рамките на ЕУ за да биде извршен притисок и Груевски да биде екстрадиран“, рече во студиото на ТВ21, Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи.

На денешната неформална средба со новинарите, т.н новогодишен брифинг, министерот за внатрешни работи на прашањето за довербата во СЈО, изјави дека помалку верува во институцијата од моментот кога се борел за нејзино формирање.

ПОДГОТВИ: ЕДИН РАСТОДЕР

Извор: ТВ21