Поврзи се

4NEWS.mk

Спектакуларна сцена на парадата во Париз: Летачки војник со автомат пролета покрај трибината на Макрон

Во Париз во тек е парада по повод францускиот национален празник Ден на падот на Бастиља, а една од најспектакуларните сцени на дефилето пред трибината, на која седеше претседателот Емануел Макрон, ја приреди поранешниот џет-ски шампион Фреки Запата кој леташе на својот „Флајбор ер“ – лебдечка купола која му овозможува маневри како од научнофантастичните филмови.

На снимката објавена на социјалните мрежи се гледа дека Запата во рака носи автоматска пушка, што укажува дека ова летало би можело да биде употребено во арсеналот на француската војска.

„Паризијен“ наведува дека во прашање е летало кое како гориво користин керозин, поседува пет мини турбо мотори кои овозможуваат брзина до 190 километри на час, а летот може да трае до 10 минути.

На Макрон очигледно му се допадна демонстрацијата на „Флајборд ер“ бидејќи со широка насмевка и аплауз го поздрави Запата кој одлета и местото им го отстапи на другите учесници на парадата.

Извор: Сител телевизија

Реклама
Реклама
Реклама
WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com