Министерот за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ најави дека се укинува црвеното ниво на закана од тероризам во Србија.
„Донесовме одлука да го укинеме црвеното ниво за закана од тероризам во Србија, и да преминеме на жолтото, таканаречено умерено ниво на закана од терористички акт. Тоа подразбира зголемено внимание и присуство на членови на полицијата на некои места кои се важни, критични објекти, државни објекти, трговски центри и објекти каде што има голем број луѓе“, рече Дачиќ.
