Ватерполо репрезентацијата на Србија ја освои светската лига со што обезбеди пласман на ЛОИ во Токио.
Финалето против Хрватска кое се одигра во Белград на отворено донесе многу пресврти и возбудувања но и врнежливо време што не им пречеше на актерите да одиграат извонреден меч.
Србија победи со 12-11 со гол од пенал на 17 секунди до крајот иако мечот подобро го отворија Хрватите кои поведоа со 4-1 но потклекнаа во втората четвртина во која домашната репрезентација го презеде водството и на крајот го претвори во победа.
