Премиерот Христијан Мицкоски е во Берлин, каде учествува на Самитот за „Берлинскиот процес“.
Тој беше пречекан од германскиот канцелар Олаф Шолц, со кого остварил кратка средба.
„Разговаравме за економијата, политичките случувања, за потребата да се вреднуваат нашите напори кон патот на ЕУ каде за влез предолго чекаме, за потребата за внесување на енергија и динамизирање на процесите. Германија останува да биде наш активен партнер и поддржувач“, изјави Мицкоски.
Остварив средба со канцеларoт на Сојузна Република Германија, Олаф Шолц. Разговаравме за економијата, политичките случувања, за потребата да се вреднуваат нашите напори кон патот на ЕУ каде за влез предолго чекаме, за потребата за внесување на енергија и динамизирање на… pic.twitter.com/lNKisVnGtK
— Христијан Мицкоски (@MickoskiHM) October 14, 2024