Свет
21,845,234
Вкупно активни случаи
Updated on 05/03/2021 18:42 18:42
Македонија
8,659
Вкупно активни случаи
Updated on 05/03/2021 18:42 18:42
Македонија
3,176
Вкупно починати
Updated on 05/03/2021 18:42 18:42
Македонија
94,275
Вкупно оздравени
Updated on 05/03/2021 18:42 18:42

Средба Заев-Вархеји: Верувам дека новата методологија за проширување ќе има фер пристап и ќе се заснова на мерит систем

Партиска делегација на СДСМ предводена од претседателот Зоран Заев, заедно со генералниот секретар Љупчо Николовски, секретарот за меѓународна соработка Бојан Маричиќ и Калинка Габер од Комисијата за европски прашања на СДСМ, денеска се сретнаа со делегација на Европската комисија предводена од еврокомесорот за европска, соседска и преговори за проширување Оливер Вархеји.

На средбата претседателот Заев истакна дека Европската комисија отсекогаш била искрен и силен сојузник на Република Македонија во прецот на евроинтеграциите и изрази уверување дека тоа ќе продолжи и со новиот состав на Комисијата.

– Правиме се што е во наша моќ да ги реализираме сите потребни реформи. Активно се спроведува Договорот од Преспа како и Договорот за добрососедство со Бугарија. Во измените на Изборниот законик се вградени и сите препораки од ОДИХР. Нашата цел е да испратиме порака дека имаме демократски капацитет и тој го ставаме во функција на граѓаните, истакна претседателот Заев.

Претседателот Заев се осврна и на новата методологија за проширување на ЕУ, изразувајќи надеж дека таа ќе биде фер и ќе се заснова на систем на заслуги.

– Секој ден, секоја недела, секој месец е важен за реализација на реформите кои се важни за нас и за ЕУ. Ја очекуваме новата методологија и веруваме дека таа ќе има фер пристап и ќе се вреднува единствено по мерит системот. Наш главен мотив и натаму е ЕУ и таа нема алтернатива, се што зависи од нас ќе биде сторено како што беше и досега. Отпочнување на преговори со Македонија ќе значи и позитивен сигнал за целиот наш регион, посочи претседателот Заев.

Од страна на еврокомесарот Вархеји беше истакнато дека новата методологија за проширување се подготвува и дека наскоро ќе биде претставена пред земјите членки на Унијата. Вархеји посочи дека е важно државата да продолжи на европскиот курс, да продолжи со реформите, а особено значајно е носењето на новиот Закон за Јавно обвинителство со што Македонија уште еднаш ќе покаже дека е посветена на реформите важни за напредокот кон ЕУ.

Извор: Сител телевизија

НАШ ПРЕДЛОГ

Имунизацијата на населението ќе почне месецов

До крајот на годината, производителот „Фајзер“ во земјава ќе испорача 800.280 дози вакцини против Ковид- 19. Според надлежните, првите...

ССНМ и ЗНМ со целосна поддршка на својата членка Арбнора Мемети

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) остро реагираат на начинот на кој без...

Пукање во Скопје, убиени две млади момчиња

На 05.03.2021 во 02.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Македонско - Косовска бригада“ се слушнало пукање.
Skopje
clear sky
12 ° C
12 °
12 °
35 %
2.6kmh
0 %
Fri
12 °
Sat
9 °
Sun
10 °
Mon
13 °
Tue
8 °