Адријан Стојковски денеска ја напушти Детската клиника во Скопје.
Тој се лекувал на онколошкото одделение на Детската клиника во Скопје. Мајката на момчето, Марта Стојковска, им се заблагодари на вработените за грижата.
„Како можам да почнам да го славам овој ден ако не со БЛАГОДАРАМ? ТИ ФАЛА БОГУ што со својата милост и сила ни помогна да го поминеме овој тежок период и да излеземе победници, со мојот син ХЕРОЈ. Им благодарам на целиот болнички персонал кој беше тука посветено за нас и направи се што можеше за мојот син и за сите деца ВОИН“, вели Марта Стојковска, мајката на Адријан.