Познатата ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ е широко позната под прекарот „српска мајка“, а таа сега конечно проговори за тоа.
„Публиката ми го даде епитетот „српска мајка“, имав 26 години кога ми го наметнаа тој епитет. Тогаш тоа беше скандал за мене, а сега сум навикната, тоа е многу убав комплимент. Некои се жалат за мојот прекар, но тоа зборува за нивниот банален пристап. Сметам дека осудите се досадни, тие се премногу досадни, како може да не се заморат, дали овие луѓе имаат животи? Естрадата ме интересира само кога сум на сцена. Имам живот, имам со кого да се дружам, имам други интереси, не се занимавам со естрадата, фокусот ми е на сцената додека не направам концерт, имам интензивен приватен живот, на кој сум посветена, големо семејство, замисли да трошам енергија на луѓе кои не ми се ништо“, посочи Цеца
