ССК: Неточна е изјавата на Филипче дека сме барале задолжителна вакцинација за приватниот сектор

Вчерашната изјава на министерот за здравство Венко Филипче дека Сојузот барал да се воведе задолжителна вакцинација и за вработените во приватниот сектор е целосно неточна и ја демантираме во целост, се наведува во денешната реакција од Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК).

„Ниту од наша страна е испратено писмо на кое тој се повикува, ниту такво нешто сме барале од Министерството, бидејќи нашиот став е дека правото на вакцинација која не е задолжителна, е лично право на избор и истото не треба да се ограничува. Сметаме дека многу подобар ефект наместо со репресивни, ќе се постигне со стимулирачки мерки и навремено обезбедување на повеќе видови на вакцини и релевантни информации за нивната безбедност“, стои во соопштението.

Во него се додава дека Сојузот на стопански комори уште од почетокот на пандемијата дава активен придонес преку постојано следење на мерките и доставување на свои конструктивни предлози и мислења во насока на нивно унапредување, со цел заштита на здравјето и намалување на штетните последици врз економијата.

Поврзани вести

ФИЛИПЧЕ ЗАМИНУВА ОД ФОТЕЛЈАТА: Алтернатива ги доби министерствата за здравство и информатичко, МЕПСО, Пензиски фонд, тетовскиот Клинички

Постигнат е договор Алтенратива да го зголеми парламентарното мнозинство и да стане дел од Владата. На заедничката прес-конференција на лидерот на СДСМ во заминување Зоран Заев и на првиот...

Филипче нема да се кандидира за претседател на СДСМ

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес конференција посочи дека нема да се кандидира за претседател на СДСМ. „Не, немам таков интерес“, одговори кратко Филипче.

Се очекува да пристигнат двајца од седумте пациенти кои беа хоспитализирани во „Пирогов“ во Бугарија

Министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес конференција посочи дека две лица од вкупно седум пациенти кои беа хоспитализирани во болницата „Пирогов“ се очекуваат да пристигнат од Бугарија.

Филипче вечер ќе одржи состанок со Синдикатите за предлог ковид-мерките

На денешниот состанок на Главниот координативен кризен штаб (ГККШ) не биле донесени заклучоци, а за предлог ковид- мерките ќе се разгледува утре на седница на Влада, соопшти Министерството за здравство.

Најважното

ССМ во недела на протест пред Собранието и Стопанската комора

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) во недела ќе излезе на протест пред Собранието и пред...

101 нов случај на ковид-19 – пријавени се 13 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 1.299...

За 3,5 денари се намалува цената на нафтените деривати

За 3,5 денари се намалуваат бензините, а за три денари екстра лесното масло за домаќинство, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Бектеши најави можно проширување на листата на производи со замрзнати цени

Листата на производи чии цени се  замрзнати е објавена, а утре на владина седница ќе ги разгледаме податоците од Заводот за статистика...

Експерт: Заштитните огради на автопатот Струма во реонот на несреќата се инженерски дефект

„Автобусот кој излета на автопатот Струма се заглави меѓу двете заштитни огради, кои не ја изгаснаа кинетичката енергија. Ова е инженер за целосен...