Македонија

ССМ најави протест во сабота: Работниците излегуваат на улица за повисоки плати

ССМ најави протест во сабота: Работниците излегуваат на улица за повисоки плати

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) најави протест што ќе се одржи оваа сабота во Скопје, на кој работниците ќе бараат подобри услови за работа и повисоки плати.

Протестот е закажан за 12:05 часот пред Работничкиот дом, од каде што демонстрантите ќе се упатат кон Собранието, Стопанската комора и Владата.

Од ССМ посочуваат дека незадоволството кај работниците расте и дека нивните барања се насочени кон обезбедување праведни услови за работа, сигурност и плата со која може достоинствено да се живее.

„Работниците бараат правда, сигурност и плата со која може да се живее достоинствено. Нема да се повлечеме додека тоа не стане реалност“, изјави претседателот на ССМ, Трендафилов.

Тој нагласи дека протестите се легитимен демократски инструмент за притисок кога институциите не реагираат на барањата на работниците.

Од ССМ најавуваат дека синдикалните активности ќе продолжат и во наредниот период доколку не се постигне конкретен договор со Владата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни