Стафа спроведен во КПУ Затвор Скопје за издржување на изречената казна

Основниот кривичен суд Скопје ја верификуваше предлог-спогодбата склучена меѓу надлежен јавен обвинител и обвинетиот Ф.С., поранешен државен правобранител, кој беше гонет за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“.

Како што информираат од Судот, спогодбата била доставена во текот на вчерашниот ден, по што судот ја разгледал и утврдил дека се исполнети законските услови согласно Законот за кривична постапка. Врз основа на тоа, спогодбата е прифатена и верификувана.

Со оглед дека странките немаат право на жалба, одлуката станува правосилна веднаш. Осудениот уште истиот ден е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Скопје, каде ќе ја издржува изречената казна.

Од Судот посочуваат дека, во интерес на транспарентноста, предлог-спогодбата е анонимизирана и ќе биде достапна за јавноста.