4NEWS.mk

Старица тешко повредена на улица во Струмица

Вчера попладне во 18.15 часот на ул.„Братство Единство“ во Струмица, патничко возило „пежо 307“, со струмички регистарски ознаки, управувано од К.И.(41) од Струмица, удрило во пешакот А.Х.(82) од Струмица.

Во незгодата, А.Х. се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена во Медицинскиот центар Струмица за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Струмица.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни