Британската старлета Кејти Прајс, која доби забрана за возење, моментално се наоѓа во болница по несреќата што ја имаше во понеделникот, 27 септември.
Полицијата ја уапси реалити ѕвездата на лице место за наводно возење под дејство на алкохол, а сега и се заканува затворска казна доколку биде обвинета и прогласена за виновна.
Кејти веќе има забрана за возење, а требаше повторно да ја донесе возачката дозвола дури на 13 октомври оваа година.
Според сведоците, таа се превртела со својот автомобил, а била и во лоша состојба кога пристигнала полицијата.
„43-годишна жена е уапсена под сомнение дека возела додека била над дозволената граница за алкохол и дрога, и била пренесена во болница на преглед“, објави полицијата.
