По долго време, во Стоби повторно се открива уште едно културно богатство. Во Куќата на Партениј пред посетителите се отвора мозаик што со години беше недостапен за јавноста.
Оваа ретка можност нè враќа во доцноантичкото Стоби, каде уметноста и секојдневието се испреплетуваат во камен и боја. На фотографиите се гледа моментот кога мозаикот „се буди“ од својот зимски сон, повторно откривајќи ја својата убавина.
Посетителите се повикуваат да ја доживеат оваа уникатна приказна и да откријат дел од културното наследство на Стоби, кое сега повторно оживува пред нивните очи.