Директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски, е позитивен на Ковид-19.
Тој ова го напиша на својот профил на Фејсбук, напоменувајќи дека нема никакви симптоми и дека е веќе во домашна самоизолција.
„Почитувани, би сакал да ве информирам дека и покрај строгото почитување на мерките уште од самиот почеток, вечерва добив позитивен резултат за Covid 19.Немам никакви симптоми и веќе сум во домашна самоизолација.
Посакувам брзо оздравување на на сите заболени граѓани и негативен тест на сите кои се во самоизолација.Чувајте се!“, напиша Пауновски.
Почитувани, би сакал да ве информирам дека и покрај строгото почитување на мерките уште од самиот почеток, вечерва добив…
Posted by Stojko Paunovski on Sunday, November 1, 2020
.
