Поврзи се

4NEWS.mk

Столтенберг: Членството на Северна Македонија во НАТО е добро за целиот регион

Published

on

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг го поздрави учеството на македонската делегација на денешниот Самит на Алијансата во Лондон и порача дека членството на земјата е позитивен чекор за целиот регион.
– Топло ја поздравивме Северна Македонија денеска, изјави Столтенберг на прес-конференцијата по завршувањето на Самитот.

-Текстот продолжува по рекламата-

Тој додаде дека членството на земјата е знак оти вратите на Алијансата остануваат отворени и за други земји во иднина.

– Членството на Северна Македонија не е добро е само за Северна Македонија, туку за регионот, тоа ќе покаже дека НАТО ја остварува политиката на отворени врати, рече генералниот секретар на Алијансата.

Северна Македонија денеска за прв учествуваше како де факто членка на еден Самит на НАТО. Формално останува пристапниот Протокол да биде ратификуван од страна на Шпанија и потоа во Парламентот во Скопје.

Делегацијата на земјава на Самитот на НАТО ја предводеше премиерот Зоран Заев, аво нејзиниот состав беа и вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров. 

Извор: Сител телевизија

Реклама
Реклама
WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com