Свет

Столтенберг: Орбан го информирал НАТО за неговата посета на Москва, но не ја претставува

Столтенберг: Орбан го информирал НАТО за неговата посета на Москва, но не ја претставува
Press conference by NATO Secretary General Jens Stoltenberg after the first day of meetings of NATO Ministers of Foreign Affairs

Унгарскиот премиер Виктор Орбан го информирал НАТО за неговата посета на Москва, но тој не ја претставува Алијансата во Кремљ, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„Се разбира, Виктор Орбан не го претставува НАТО на овие состаноци, тој ја претставува својата земја“, изјави Столтенберг за новинарите на прес-конференцијата пред самитот на НАТО во Вашингтон, кој ќе се одржи од 9 до 11 јули.

Тој додаде дека Орбан претходно ја посетил Москва, по што по враќањето ќе го информира НАТО за неговите разговори.

„Очекувам дека кога Орбан ќе учествува на самитот на НАТО во Вашингтон следната недела, ќе имаме можност да разговараме за неговата посета на Москва“, рече Столтенберг.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни