Редови од странски возачи денеска се создадоа на граничниот премин Табановце, каде што дел од нив чекале да ги подмират сообраќајните казни изречени врз основа на прекршоци регистрирани од системот „Сејф сити“.
Станува збор за прекршоци направени на македонските патишта на кои се поставени камери за автоматско регистрирање на сообраќајните прекршоци.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски неодамна порача дека системот „Сејф сити“ ќе ги санкционира сите возачи кои ги прекршуваат сообраќајните правила, без оглед дали управуваат возило со македонски или со странски регистарски таблички.