Свет

СТРАШНИ ФОТОГРАФИИ ОД ВОЈНАТА: Уништениот Киев по серијата ракетни напади (ВИДЕО+ФОТОГРАФИИ)

СТРАШНИ ФОТОГРАФИИ ОД ВОЈНАТА: Уништениот Киев по серијата ракетни напади (ВИДЕО+ФОТОГРАФИИ)

Русија во понеделникот изврши серија ракетни напади врз голем број украински градови. Меѓу најпогодените од нападите е Киев.

Снимките објавени од Ројтерс го покажуваат пустошот во главниот град на Украина – изгорени автомобили и сериозно оштетени згради. На улиците на градот лежат и мртви и тешко повредени лица. Според полицијата има 5 жртви и 12 повредени.

„Тие се обидуваат да ја срамнат Украина со земја“, изјави претходно претседателот Володимир Зеленски. И министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба го нарече Путин „терорист“.

Според светските агенции, денеска интензитетот на ракетните напади над Киев е поголем отколку што беше дури и за време на обидите на Русите да ја заземат украинската престолнина.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни