Македонија

Студентите се жалат за лошите услови – Јаневска: Ќе се смени директорот, не си ја извршува функцијата како што треба

Студентите се жалат за лошите услови – Јаневска: Ќе се смени директорот, не си ја извршува функцијата како што треба

Студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје се соочува со сериозни инфраструктурни и хигиенски проблеми, кои значително влијаат на условите за живот на студентите.

Тие се жалат на недостаток на топла вода, нефункционални лифтови, лоша хигиена и нискоквалитетна храна, што го прави животот во домот неподнослив. Студентите велат дека се принудени да чекаат долго време за да се ослободат лифтовите, а понекогаш тие воопшто не функционираат.

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска најави дека проблемите ќе бидат решени до крајот на неделата.

Таа посочи дека ситуацијата е неприфатлива и дека ќе бидат преземени мерки за да се подобрат условите за студентите.

„Не можеме да дозволиме неодговорни луѓе да ја игнорираат судбината на студентите. Младите се исклучително важни за државата, и секој раководител мора сериозно да си ја врши својата работа“, нагласи Јаневска.

Министерката исто така соопшти дека ќе бидат преземени чекори за смена на директорот на Студентскиот дом „Пелагонија“, бидејќи, според нејзините зборови, тој не си ја извршува функцијата како што треба. Влошената ситуација ќе биде поправена во наредните два до три дена.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни