Свет

Студот ја замрзна Германија, хаос во летовите и железничкиот транспорт

Студот ја замрзна Германија, хаос во летовите и железничкиот транспорт

Тешкотии за патување во Европа поради лошите временски услови. Поради голомразица откажани се десетици летови до и од Германија.

Опречен беше и железничкиот транспорт во земјава. А во Полска најавија опасност од лавина.

Поради ниските температури и мразот на аеродромот во Франкфурт откажани се 176 од планираните 1.100 летови за денот. И германскиот железнички оператор „Дојче Бан“ најави доцнење и предупреди на голомразица при влегување или излегување од вагоните, како и на многу станици.

Поради снежните бури и снежните виулици во Полска, имаше повици луѓето да не одат на планински патеки.

„На над 1.600 метри надморска височина постои висок степен на опасност од лавина. Главниот проблем е недостатокот на видливост. Маглата е премногу густа и исто така ни е многу тешко да го процениме ризикот од лавина“, објаснија спасителот Роберт Кидон.

Надвор од проблемите што ги создава зимата, децата со првиот снег видоа и повод за радост и забава. Ги извадија санките и направија снешко.

Синоптичарите предупредуваат дека лошото време може да трае со денови во различни делови на Европа. Ова значи поголемо нарушување и студ во услови на особено тешка енергетска криза.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни