4NEWS.mk

Судар на ауди и мотоцикл на патот Гостивар – Кичево, двајцата возачи повредени

Вчера во 12,35 часот во Полициска станица Гостивар било пријавено дека нa магистралниот пат Гостивар-Кичево се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Ауди“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.Х.(38) од с.Здуње,гостиварско, и мотоцикл „БМВ“ со словенечки регистарски ознаки, управуван од Ж.К.(31) од Р.Словенија.

Ж.Р. бил пренесен во Медицинскиот центар во Гостивар каде му биле  констатирани тешки телесни повреди, а кај А.Х. биле констатирани  телесни повреди. 

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Гостивар.

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни