Вчера околу 15.00 часот на крстосницата од регионалниот пат Делчево – Берово и ул.„Јулија Веселинска“ во Пехчево, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, со беровски регистарски ознаки, управувано од Љ.П.(43) од Пехчево и патничко возило „сеат леон“, со беровски регистарски ознаки, управувано од А.С.(28) од Пехчево.
Се вчитува...
Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила Е.П.(76) од Пехчево, сопатничка во возилото „фолксваген голф“ и била пренесена во Клиничка болница Штип за укажување на лекарска помош.
За настанот е известен јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од СВР Штип.
