4NEWS.mk

Судар на патот Струмица – Ново Село, тешко повреден тракторист

Синоќа во 20,45 часот било пријавено дека на магистралниот пат Струмица-Ново Село, на место викано „Сушичко стопанство“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Волво“ со швајцарски национални ознаки, управувано од М.К.(56) од с.Н.Коњарево, и трактор „ИМТ 533’, управуван од С.Т.(54) од с.Сушица..

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот, кој бил пренесен за укажување лекарска помош во Медицинскиот центар Струмица.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Струмица.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни