4NEWS.mk

Судири меѓу полицијата и маскирани лица во Атина

Најмалку десет лица се приведени и предизвикана е материјална штета во инцидентите во атинската населба Ексархија, која важи за собиралиште на грчките анархисти, по протестот за 11-одишнината од убиството на Алексис Григоропулос, јави дописничката на МИА од Атина.

Тензиите и инцидентите, што се уште траат, но со намален интензитет, почнаа кога маскирани лица ја нападнаа полицијата со предмети, главно со мермер и Молотови коктели, по што полицијата интервенираше со шок бомби и солзавец.

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни